Францускиот репрезентативец, Пол Погба  нема да биде во комбинација кај Манчестер Јунајтед до декември, ова го потврди менаџерот на екипата, Оле Гунар Солскјер.

Погба има повреда на скочниот зглоб, не игра од 30. септмеври и последните проценки се дека нема да настапи се до почетокот на декември. Според Солскјер, тимот има капацитет за да се носи со одсуството на Погба и ова е шанса за Фред кој треба да докаже дека заслужува да го носи дресот на Јунајтед.

Ова е сериозен удар за тимот на Јунајтед кој го очекуваат мечеви со Челзи, Борнмут во Англија но и натпреварите во Европа лигата.