Агентот на Серхио Агуеро ги одби сите понуди од Наполи, Јувентус и Интер, тој истакна дека нема шанси Аргентинецот да го напушти Манчестер Сити пред 2021 година.

Аргентинскиот интернационалец изминатитот период се споменуваше како потенцијално засилување за еден од италјанските гиганти, но многу веројатно тој ќе ја продолжи соработката со „граѓаните“.

Серхио има договор со Манчестер Сити до 2021 година и нема шанси тој да замине пред тоа. Ќе видиме што се случува после тоа. Јас не сум разговарал со Интер и причината е многу едноставна: Агуеро е среќен со „граѓаните“ и нема намера да ја менува средината “– изјави Хернан Регуера за „FCInterNews.it“

Кун Агуеро ќе наполни 32 години следниот месец и беше виден како можен наследник на Лаутаро Мартинез во Интер или алтернатива на Наполи, за Милик.