Манчестер Сити ќе почека за официјалната заверка на титулата во Премиер лигата, откако загуби од Челси во саботното дерби.

Серхио Агуеро имаше можност да му донесе на Сити 2:0 по првото полувреме, но не искористи пенал.

На ова следуваа реакции од навивачите на „Граѓаните“ но и извинување од Аргентинецот.

„Сакам да им се извинам на моите соиграчи, тренери и навивачи за промашениот пенал. Ова беше моја лоша одлука и ја преземам целата одговорност.“ – вели Агуеро.