Италјанското здружение на фудбалери (АИК) е збунето и изненадено од според нив дискриминаторската и нелогична забрана од  Владата на Италија, која место на 4.мај им дозволи да започнат со тренинзите на 18 истиот месец.

Според нив тоа е во најмала рака чудно бидејќи од 4.мај попуштаат мерките и граѓаните ќе можат дури да џогираат низ парковите во Италија.

Здружението на играчи излезе со соопштение околу целата ситуација.

„АИК е  изненаден од одлуката на Владата за продолжување на карантитинот за спортот во Италија. Сметаме дека идејата е дискриминаторска и нелогична да им се дозволи на спортистите во индивидуалните спортови да тренираат додека фудбалерите и другите екипни спортови се скратени од таа можност.Ова правило, ако било што, ќе го направи ризикот уште поголем отколку да го содржи тоа. На професионалниот спортист му е потребна фазата на тренинг, по толку долга пауза“-стои во дел од соопштението на „АИК“.