Холандскиот фудбалски шампион Ајакс доби ново засилување во пресрет на новата сезона кое би требало да биде замена за капитенот Матијас Де Лихт кој се пресели во Јувентус.

Тимот од Амстердам денес го потврди трансферот на 21- годишниот фудбалер Едсон Алварез кој настапуваше за Клуб Америка.

Алварез игра како централен дефанзивец, но исто така без проблем може да игра и на позицијата десен бек.Според информациите фудбалерот ќе потпише договор на пет години со холандскиот шампион кој за него ќе плати 15 милиони евра.