И покрај големиот интерес од неколку клубови, пред се од Тотенхем, Ерик Тен Хаг останува тренер на Ајас и по крајот на оваа сезона.

Холандскиот стручњак потпиша нов договор со тимот до Амстердам кој има траење до крајот на 2023 година.

Претходниот му истекуваше на крајот од оваа сезона, па имаше опасност тој да се пресели во некои од клубовите од топ 5 лигите.

Најзаинтересиран беше Тотенхмем, чија клупа е празна по отказот на Жозе Мурињо.

Меѓутоа, ќе мора да се свртат кон други решенија, а тоа барем според англиските медиуми се Брендан Роџерс од Лестер, како и Италијанецот Маурицио Сари.