Ајакс тврди дека Манчестер Јунајтед ги контактирал за Дони ван де Бек, играчот од средниот ред е желба на клубот од Англија.

Де Бек има 23 години, Јунајтед е во преговри со Ајакс, проблем е високата откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра, тврди Мирор.

Јунајтед засега не притиска со сите сили со оглед на фактот дека преговара и за Џејдон Санчо, но Де Бек е нивни интерес.