За да се пласира во второто квалификациско коло од Лига Европа, освојувачот на Националниот Куп, мора денеска на гостувањето во Босна и Херцеговина да победи со 4:0.

Ова изгледа како невозможна мисија но во фудбалот се случуваат чуда и поради ова избраниците на Југослав Тренчовски нема пред време да се предадат, најавуваат од таборот на струмичкиот прволигаш.

Се очекува да има повеќе измени во почетниот состав на Академија Пандев во однос на единаесетката која истрча пред една недела на „Тодор Проески“ и загуби со 3:0.

Натпреварот меѓу Зрињски и Академија Пандев е закажан за вечерниот теремин од 19:00.