Академија Пандев ја прекина серијата од 3 натрпевари без победа и на домашен терен славеше против Силекс со 2-0 во 9 рунда од Првата фудбалска лига. Домаќините рутински стигнаа до победата, откако во 38 минута преку Дориев го отворија резултатот, а победникот го решија во 71 минута. Со оваа победа струмичани се доближија на 2 бода до лидерот Вардар кој во дербито  ремизираше против Шкендија.

Во мечот меѓу последно пласираните 2 екипи на табелата Борец во меч со 5 погодоци ја совлада Струга со 3-2. Победоносниот гол за велешани го постигна Прелцец кој им ја донесе втората победа сезонава на домаќините. По ова коло и двете сеуште се наоѓаат на 9 и 10 позиција со по 8 бода.

Градското дерби меѓу Македонија Ѓ.П и Шкупи заврши без голови. Двете екипи на овој меч играа пред се да ја сочуват својата мрежа, па така овој резултат не е изненадување. По 9 одиграни кола Ѓорче Петров има 14 бода и се наоѓа на 3 позиција, додека Шкупи е 5 со 12 поени.