Александар Таневски и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Ова попладнево го потврдија од струмичкиот прволигаш.

Таневски со Академија Пандев потпиша договор до крајот на оваа натпреварувачка сезона со можност за продолжување на соработката.

„Новиот тренер веќе одржа два тренизи со сениорите, а веќе утре го чека и деби натпреварот против Работнички во Скопје. Му посакуваме добредојде и остарување на амбициите, односно излез во евроските купови.“ – соопштија од Академија Пандев.

Академија Пандев во сабота ќе му гостува на Работнички во натпревар од 22 коло од ПМФЛ, натпревар на кој Таневски ќе дебитира на клупата на клубот од Струмица.