Генерацијата 2008 година на Академија Пандев ќе биде дел од годинешниов „Драган Манце КУП 2020“ кој се одржува во Белград,

Тој ќе се одржи на спортскиот центар „Телеоптик – Партизан“ и важи за еден од најдобрите турнири  за деца на Балканот, кој се организира во чест на прерано починатата легенда на Партизан, Драган Манце.

Овој турнир ќе биде емитуван на регионалниот спортски канал Спорт Клуб, во петок во 11:15 часот ќе се пренесува  натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Олимпик Белград.