Фудбалерите на Академија Пандев од денеска започнаа со тренинг во помали групи предводени од Александар Таневски и неговиот стучен штаб.

Подготовките за рестарот на сезоната во ПМФЛ започнаа непосредно по тестирањето за Ковид-19 обезбедено од Синдикаот на фудбалери на Македонија и Аџибадем Систина.

„Денес од страна на медицинските лица на Аџибадем Систина, тестирани фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица на клубот за КОВИД-19. Благодарност до Синдикат на фудбалери на Македонија  за обезбедените тестови пред почетокот на тренинзите за прoдолжението на сезоната. Протоколот даден од ФФМ се почитува, сите се свесни за сериозноста и максимално се почитуваат мерките. Тренинзите во помали групи започнуваат од денес.“ – информираа од Академија Пандев.