Во рамките на првото квалификациско коло за Лигата на Европа актуелниот освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија Академија Пандев ќе се сретне со босанскиот представник Зринњски од Мостар.

Денес беше потврден терминот на првиот меч кој ќе се одигра во Скопјр кој е закажан на 11 јули со почеток од 19:00 часот.

Реваншот се игра седум дена подоцна на стадионот во Мостар. Подобриот од двомечот ќе се сретне со холандски Утрехт во рамки од второто квалификациско коло.