Управата на Академија Пандев со соопштение до јавноста реагираше по однос на судењето на Стојанче Трпевски кој го водеше натпреварот со Ренова.

„Гипсарите“ победија со 1:0 а тимот од Струмица вели дека некои работи треба да се променат од корен.

„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен…“ – сооптшија од Академија Пандев.