По поразот во текот на вчерашниот ден од Славија Софија, денеска Академија Пандев одигра уште еден пријателски натпревар во Разлог, Бугарија и тоа против тимот на Академика Клинчени од Романија. По поразот вчера од Славија, денеска струмичани ремизираа со резултат 1-1.

Први поведоа романците и тоа со удар од белата точка, кој успешно го реализираше Барбу во 23-тата минута.

Academica Clinceni – Akademija Pandev 1-0

Academica Clinceni a deschis scorul in meciul cu ФК Академија Пандев. A inscris Bogdan Barbu.

Gepostet von Academica Clinceni am Dienstag, 25. Juni 2019

Освојувачот на Купот на Македонија се разбуди во второто полувреме, па со голот на Александар Мишов во 56-тата минута стигна до 1-1, резултат кој на крај беше и конечен.

И двете екипи на овој натпревар се покажаа во солидно светло, па така овој резултат беше можеби и најреален.

За струмичани до крајот на нивните подготовки остануваат уште два натпревари, против Теута Драч во четврток и против Витоша Бистрица во сабота.