Најмасновото фудбалско клупско натпреварување во Македонија, Националниот Куп денеска ги носи осминафиналните пресметки.

Во центарот на вниманието на фудбалската јавност е мечот меѓу Академија Пандев и Вардар, кои за прв пат ќе се сретнат во националниот Куп. Актуелниот освојувач нема победа против црвено-црните на досегашните 11 соочувања, седум пати славеше Вардар.

1/8 финале Куп на Македонија (14:30):

Академија Пандев -Вардар
Брегалница -Беласица
Кожув – Силекс
Македонија ЃП – Каменица Саса
Ренова – Пелистер
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го Пехчево
Струга Трим Љум – Работнички