Новата сезона во домашното фудбалско првенство започнува викендов а ќе биде прва која ќе се пренесува на регионална спортска телевизија.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Шкендија ќе се игра во саботниот термин од 17:30 часот а влезот на стадионот „Младост“ ќе биде слободен.

„Од новата сезона 2019/20, по два натпревари од секое коло од ПМФЛ на Македонија ќе бидат во живо пренесувани на каналите Арена Спорт и МТВ. Изборот на телевизиите беше натпреварот Академија Пандев – Шкендија да биде прв натпревар кој ќе биде пренесуван во живо. Терминот е сабота, 17.30 часот. Покана до сите љубители на спортот да дојдат на стадионот „Младост“ и со едно коректно и спортско бодрење да ни дадат поддршка. Раководството на Академија Пандев одлучи влезот за овој натпревар да биде слободен!“ – соопштија од Академија Пандев.

Договорот меѓу ФФМ и МРТВ и Аренаспорт треба да го доближи домашниот фудбал и да ја зголеми популарноста на овој спорт во земјава.