Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Академија Пандев го одиграа контролниот меч во Банско, Бугарија каде овој пат изгуби од Славија Софија со резултат од 3-2.
„Пандевци“ поведоа со 1-0 во 23. минута од пенал преку Љупчо Дориев откако најпрво Сашко Пандев беше соборен во казнениот простор, а судијата покажа на белата точка.
Пред крајот на полувремето Славија изедначи со голот на Владислав Узунов, а на стартот на второто полувреме софиската екипа прави пресврт. Јанис Карабељов погодува во 50 минута за 2:1, а Росен Крстев во 75. минута за 3:1. Четири минути подоцна „Пандевци“ намалија со автогол на Шоколаров.
Досега на подготовките во Бугарија Академија Пандев ја совладаа екипата на Берое со 2:0, а во првиот контролен меч беше совладан Локомотив Пловдив со 1:0.
Be the first to write a comment.