ПСЖ продолжува да го притиска Наполи за дефанзивецот Калиду Кулибали.

Францускиот шампион е подготвен да му обезбеди на 28-годишниот Сенегалец плата од 200000 фунти неделно, или 800000 фунти месечно, што одговара на 900000 евра секој месец, пишува Sky Sports.

Самиот Кулибали сака да замине од Наполи и тоа постојано го кажува, но го врзува договор до 2023 година.

Во јануарскиот преоден рок ПСЖ се обиде да го купи, но Наполи постави цена од 75 милиони евра, иако самиот го купи за само 7,75 милиони евра од Генк во 2014 година.