Во седиштето на УЕФА денеска во 14 часот ќе биде одржана жпрепката за завршната рунда во квалификациите за Лигата на Европа, а УЕФА го скрати списокот на можни потенцијални противници на Шкендија.

Во случај тетовскиот клуб да го мине Тотенхем, противници во плеј офот за пласман во групната фаза на Лигата на Европа може да бидат победниците од дуелите Ростов – Макаби Хаифа, фехервар – Ремс, Стеауа – Слован Либерец и Виљем II – Глазгов Ренџерс.

Шкендија го прекува Тотенхем в четврток на арената Тодор Проески во Скопје, откако тетовци во четвртокот го совладаа романски Ботошани, а премиерлигашот го исфрли Локомотив Пловдив.