Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, во својата автобиографија испрати комплименти за фудбалерот на Интер Мауро Икарди. Според него Икарди заедно со Лукаку и Мартинез би го сочинувале еден од најдобрите напади на светот.

„Меѓу големите противници против кои сум играл, Икарди го издвојувам како неверојатен стрелец. Тој е импресивен. Многу често постигнуваше голови против нас и тоа го мразев кај него. Мора да се случило нешто меѓу него и Интер, но замислете тој во нападот да игра со Лукаку и Мартинез, ќе бидат шампиони. Јас како вечен ривал мислам дека во идните години ако игра за Интер ќе постигне 200. голови “-изјави Џорџо за „СОС Фанта“.

Аргентинецот сезоната ја мина на позајмица во ПСЖ, за кои на 31.натпревар во сите конкуренции постигна 20.погодоци, а неговата иднина е неизвесна.