Ако ја освојат Премиер лигата, а ќе ја освојат, фудбалерите на Ливерпул ќе поделат богат бонус.

Според информацијата на Daily Mail, се работи за сума од 4 милиони фунти што ќе ја поделат фудбалерите според бројот на одиграните натпревари, или по околу 150000 фунти.

Посебен бонус ќе добие и тренерот Јирген Клоп.

Ливерпул е првопласиран во Премиер лигата и по 25 кола има огромна предност од 22 бода пред второпласираниот Сити.