Лионел Меси неодамна од својот клуб побара  да му  се исполни една желба, да го донесе Лутаро Мартинез ова лето во Барселона.

Каталонците  веднаш стапија во контакт со Интер  и агентот на Лутаро Мартинез, но добија неочекуван одговор од клубот од Милано и агентот на репрезентативецот на Аргентина.

„Лутаро нема да го напушти Интер, тој има одлична соработка со Конте, секако кога ве фали најдобриот играч на светот тоа е голем комплимент. Лутаро е среќен што Меси го бара во Барселона, сепак тој не размислува да го напушти Интер, доколку Меси сака да игра со Лутаро во иста екипа, може слободно да дојде во Интер“ – изјави Бето Жаке, менаџерот на Лутаро.