Ливерпул ќе биде признат како шампион, ако Премиер лигата не ја заврши сезоната, тврди The Telegraph.

Според изворот, нема јасни правила што се случува при ваков прекин на сезоната и тврди дека клубовите од Премиер лигата се подготвени за шампион да го признаат Ливерпул.

Поради епидемијата на Коронавирусот, од вчера Премиер лигата е во прекин до 4 април, но реални се шансите и на таа дата да нема услови да се игра фудбал.

Ливерпул моментално има дури 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и теоретски му се потребни уште само 6 бода за неоспорната титула.