Клубовите во Серија А побарале да нема прогласување на шампион и да нема испаѓање во случај сезоната да не се доигра до крај.

Ова е заклучокот од последниот состанок на кој 16 калчолигаши гласале за овој предлог додека останатите четири останеле воздржани. Во понеделник треба да се одржи нов состанок меѓу организаторот на Серија А, клубовите и федерацијата на кој ќе се донесе и конечна одлука.

Серија А треба да продолжи на 20 јуни, рестартот е врзан со ситуацијата со Ковид-19 во Италија.

Предходно калчолигашите се изборија за 5 замени на еден натпревар за преостанатите кола од оваа сезона која допрва треба да биде рестартирана.