Бруно Акраповиќ не го криеше разочарувањето што Шкендија не успеа да слави на денешното гостување против Струга Трим Љум (1-1), меч на кој тренерот на тетовци е убеден дека неговиот тим ги заслужил трите бода.

„Имавме сто шанси да постигнеме победнички гол, но не ги искористиме. На спротивната страна, примивме гол по грешка во одбраната, во период кога ривалот немаше шут кон нашиот гол“, изјави Акраповиќ.