Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи уверува дека ситуацијата со Мбапе наскоро ќе се разреши и тој ќе остане во клубот и покрај интересот од Реал Мадрид.

„Тој од одличен фудбалер, знае што сака во кариерата но знаеме и ние. Преговорите за нов договор се надевам дека ќе имаат прогрес. Тој може со ПСЖ да ја освои Златната Топка во иднина.“ – изјави Ал Келаифи.

Мбапе неодамна реши да ги прекине преговорите односно да ја одбие четвртата понуда за нов договор со ПСЖ, на што Реал Мадрид одговори со понуда за трансфер во следното лето.