Џенаро Гатузо е причината поради која Алан е решен да го напушти Наполи во летниот преоден рок. ПСЖ го бараше во јануари но тогаш калчолигашот не беше расположен за преговори.

Ова го налути Алан а одлуката на Гатузо да го стави на клупата за резерви и ретко да му дава шанса во почетниот тим дополнително влијаела по изборот на плејмејкерот.

За Алан сериозен интерес има од Евертон каде на кормилото е Карло Анчелоти.  Алан верува дека со помош на Италијанецот ќе успее да се врати во топ форма.

Наполи за Алан бара 70 милиони евра додека од Евертон се расположени за преговори за сума од 45 милиони евра.