Здравствените власти во Португалија објавија кај кои 13 фудбалери и персоналот на прволигашкиот клуб Белененсес, е откриена омикрон варијантата на коронавирусот, и тоа затоа што уште еден од играчите се врати од Јужна Африка.

Сојот омикрон е откриен после првенствениот меч на Белененсес и Бенфика во саботата. Белененсес мечот го започна со четири играчи, а остатокот од тимот беше во изолација. После полувремето, само седум се вратија на теренот и мечот беше прекинат после две минути само мечот беше прекинат при водство на Бенфика со 7:0

„Сите сме во изолација, освен младата екипа која не играше во саботата. Вкупно 44 луѓе се во карантин. Благи симптоми имаат два или три играчи и толку членови на персоналот. Сега чекаме повторување на тестот што тоа го одобрат здравствените власти“– вели портпаролот на португалскиот клуб.

Уште во саботата претседателите на Бенфика и Белененсес изјавија дека морале да го играат мечот, инаку би ризикувале казна поради неоправдано неиграње. Ја обвинија Лигата и здравствените власти што не дозволиле средбата да се одложи.