Во потрага по напаѓач кој ќе може да ја компензира загубата на повредените Луис Суарез и Усман Дембеле, Барселона се заинтересира и за напаѓачот на Алавес, Лукас Перез.

Алавес е свесен за тој интерес и, бидејќи се работи за нејзин клучен фудбалер, ја кажа својата цена за која би го ослободила Перез, а таа е – 25 милиони евра.

Барселона, како што е познато ќе добие посебна дозвола од шпанската федерација за трансфер на фудбалер надвор од преодниот рок.