Фудбалерите на Барселона на последните два меча тотално потфрлија, а проблемите да бидат поголеми го загубија еден од најдобрите фудбалери Жорди Алба.в

Левиот бек остана во соблекувалната после крајот на првото полувреме на мечот против Славија Прага, а причина за тоа е тоа што Алба ја обнови повредата на левиот бутен мускул. Поради истата повреда Алба претходно беше надвор од терените три недели. Во Барселона се надеваат дека ќе го имаат на располагање после интернационалната пауза.

Тоа значи дека Алба нема да е во составот на „каталонците“ за мечот против Селта во Ла Лига, но и ќе ги пропушти репрезентативните обврски со селекцијата на Шпанија.