Барселона има огромни проблеми во нападот поради бројот на повредени фудбалери во овој дел од тимот, но веќе за следниот дуел со Хетафе шанса за деби може да добие репрезентативецот на Албанија, Реј Манај.

Манај во моментот настапуа во Барселона Б од јануари, а дојде од редовите на второлигашот Албасете. Доколку, Сетиен му даде шанса, Манај ќе стане првиот Албанец кој заиграл за шпанскиот гигант.

Тој е фудбалер со јасни карактеристики. Во овој момент може многу да ни помогне затоа го ставив во првиот тим. Точно е дека Реј не можевме да го видиме многу, бидејќи кратко време е во клибот, но веројатно шанса ќе добир“-изјави тренерот Кике Сетиен.

Манај во Барселона Б дојде за 700.илјади евра плус со можност за доплата од бонуси од два милиони евра.