Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри одлучил дека време е да му се врати на фудбалот.

По понудите од Њукасл и од Манчестер Јунајтед, италијанскиот тренер има шанса да го преземе ПСЖ, пренесува „Газета Дело Спорт“. Алегри преферира да остане во Италија, но во моментов нема клуб кој може да ги задоволи неговите апетити, Конте е сигурен во Интер, а Сари има сериозен договор со Јувентус.

Милан нема доволно пари за да ги оствари замислите на Алегри и поради ова големи се шансите ПСЖ да успее во намерата да го ангажира 52 годишниот тренер.

Според „Ла Стампа“ доколку Алегри ја прифати понудата од ПСЖ, моменталниот тренер на првакот на Франција, Томас Тухел можно е веднаш да се пресели на кормилото на Милан.