Масимилијано Алегри е во Торино, пишува Газета Дело Спорт, со тоа се зголемија шпекулациите дека поранешниот тренер на „старата дама“ се враќа „дома“.

Јувентус е во проблеми во финишот на сезоната, главна тема е најмалку четврто место, Андреа Пирло е сè уште актуелен тренер, но неговите денови во Јувентус се избројани.

Газета Дело Спорт не тврди дека преговорите се во тек, но самото присуство на Алегри во Торино ги зголеми шпекулациите.

Доаѓањето на Алегри во Јуве значат лоши вести за Павел Недвед и Фабио Паратичи, тие најавија доколку овој тренер се врати во клубот, тие ќе го напуштат Торино.