Поранешниот тренер на Јувентус, од пред неколку дена и официјално е слободен тренер, откако му заврши договорот со Јувентус со кои „раскина“ пред една година. Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работ, а тоа го потврди самиот тој.

„Се одморив, ги наполнив батериите и останав со семејството во Ливорно. Без разлика каде, јас барам клуб кој има големи натпреварувачки и победнички амбиции.“- изјави Алегри.

Алегри со тимот на Јувентус освои шест последователни титули во Серија A, претходно интерес за него покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.