Новиот тренер на Јувентус,  Масимилиано Алегри ќе направи неколку измени во ростерот ова лето а тоа е веќе најавено и на челниците на клубот.

Алегри од денеска па до почетокот на ЕУРО ќе има серија состаноци со управата по однос на иднината на дел од играчите кои во моментов се во клубот.

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Алегри веќе разговарал со Бонучи и Кјелени кои ќе играат барем уште една година за „Старата Дама“.

Шчешни добил уверување дека останува прв голман, по најавите дека Донарума доаѓа во клубот, а први трансфер цели се Пјаниќ и Локатели.

Дибала се очекува наскоро да потпише нов долгогодишен договор а Кристијано Роналдо да биде продаден.