Јувентус гостува кај Интер во натпревар на кој по подолго време не е носител на фаворитската улога, барем според ставот на Масимилиано Алегри .

„Ова ќе биде добар натпревар, но многу работи ќе зависат од тоа како ќе играме ние. Интер е фаворит за освојување на Серија А, според мене ова е важен тест за нас против силен тим. Не можеме да размислуваме за тоа дали ќе го добиеме или ќе го загубиме мечот. Мора да бидеме мудри и одлучни во нашите намери.“ – објасни Алегри.

Во составот на Јувентус навремено се враќа и Паоло Дибала кој се опоравил од последната повреда.