Јувентус стигна до вториот триумф во Серија А сезонава, победи против Сампдорија со 3-2, но загуби двајца играчи поради повреда.

Пауло Дибала и Алваро Мората нема да бидат во комбинација за натпреварот од Лигата на шампионите против Челси во среда.

Дибала одигра само 20 минутисе повреди на дуелот со Сампдорија, додека Мората излезе на осум минути до крајот мечот.

Алегри потврди дека и двајцата нема да бидат во комбинација за дуелот со Челси, нивното враќање се очекува најрано за 10 дена.

„Дибала и Мората нема да играат против Челси и Торино. По градското дерби ќе има пауза и се надеваме дека ќе ги имаме во составот“ – изјави Алегри.