Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри верува дека Кристијано Роналдо ќе го задржи нивото во новата сезона и ќе биде клучен играч во неговиот тим

„Роналдо ни се приклучи со голем ентузијазам. Тој е мотивиран, исто како и останатите во нашиот тим. Имаме доста млади играчи, Кулушевски има потенцијал но мора да напредува, пред се пред противничкиот гол и да постигнува повеќе голови. Дибала во моментов има мала повреда на левата нога но можно е да игра против Барселона.“ – изјави Алегри по победата над Монца од 2:1 на „Трофеј Берлускони“.

Јувентус во новата сезона ќе се обиде да се врати во игра за титулата во Серија А и воедно да го подобри својот пласман во Лигата на шампионите.

Според медиумите во Италија, со Алгери на клупата „Старата Дама“ во новата сезона заедно со Интер се главни претенденти за трофејот во калчото.