Јувентус во супер интересен натпревар ја победи Специја на гости со 3-2, водеше со 1-0, па губеше со 2-1, и со „блицкриг“ го реши домашниот тим.

Тренерот Масимилијано Алегри е задоволен од резултаот, иако Јувентус се мачеше да стигне до победа.

„За среќа победивме,  се мачевме да стигнеме до победата. Можеби тоа е добро,бидејќи ќе мислевме дека сме одиграле одлично и дека нема ништо што друго да се направи. Има многу работи кои треба да се поправат. Имаме играчи кои мора да бидат подобри при нивните одлуки за завршниот пас и кога да шутираат во целта“ -изјави Алегри.