Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри својот кам-бек во фудбалот го најави во септември, но исто така ги демантираше гласините дека негов следен ангажман ќе биде ПСЖ. т

Италјанецот изминатиот период беше во Париз, по што француските новинари пишуваа дека е во преговори со францускиот гигант, но како што вели тој бил во Франција поради лични обврски.

„Нема ништо со ПСЖ, би било непочитување да се пишува дека сум преговори со овој клуб. Тука сум за да ја претставам мојата книга, моите анегдоти и моите искуства. Се уште не знам ништо за мојата иднина. Очекувам да се вратам во септември. Учам англиски за мој лична сатисфакција, бидејќи кога одам во странство не можам добро да комуниирам“-изјави Алегри.

Алегри без работа е речиси една година, а изминатите месеци беше поврзуван со најголемите европски гиганти.