Поранешниот тренер на Македонија Ѓорче Петров, Александар Таневски ги одржа воведните два тренинзи во струмица со новиот клуб.

Таневски во изјава за Дриблинг.мк потврди дека нема простор за калкулација. Амбициите се високи, а кризата во која се наоѓа тимот може да се надмине со напорна работа и со верба во личните квалитети.

„Во Академија Пандев доаѓам со кристално поставена цел. Освојување на Купот и пласман во европските купови преку домашното првенство. Ова е единствената моја (наша) мисла и амбиција како тренер но и како предводник на стручниот штаб на Академија Пандев.“ – објаснува Таневски за Дриблинг.мк

Фудбалерите на Академија Пандев под водство на Таневски ги доработија подготовките за утрешниот натпревар со Работнички во 22 коло од ПМФЛ.

„Работнички игра во добра форма во оваа календарска година, ние имаме свои мотиви и цели за овој натпревар. Кратко време сум тука, но верувам дека овои момци се подготвени да излезат од кризата и пласманот во полуфиналето во Купот да го наградат со позитивен резултат против Работнички во сабота.“ – тврди Таневски за Дриблинг.мк

Академија Пандев нема триумф во ПМФЛ уште од 11 коло кога на домашен терен ги совладаа фудбалерите на Македонија ЃП.