Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски потпиша договор со Мајорка и следната сезона ќе настапува во Шпанија.

Ова го јавуваат медиумите од Италија, Трајковски потпишал договор со Мајорка на три години и заедно со Барди ќе играат во Шпанија, секако во различни клубови. Ако трансферот биде реализиран до следниот петок, можно е Трајковси и Барди да играат еден против друг на контролниот натпревар меѓу Леванте и Мајорка закажан за 10 август.

Трајковски ќе заработува 650.000 евра по сезона, откупната клаузула е 45 милиони евра, тврди новинарот Алфредо Педула.

По проблемите на Палермо во Италија, Трајковски стана слободен играч, беше поврзуван со Милан, Лече, Спортинг, Леванте  и други клубови, сепак се реши да потпише  за Мајорка.