Откако Џенова по препорака од Горан Пандев го вметнала Александар Трајковски на листата потенцијални засилувања во летниот преоден рок, за крилниот напаѓач на Мајорка интерес пројавила и Монца.

Тимот каде Галијани и Берлускони се обидуваат да направат реконструкција а веќе го договорија Лука Станковски од Работнички, е сериозно заинтересиран за Трајковски.

Последните најави од Италија се дека Трајковски и во минатото имал можност да се пресели во Монца, но тогаш тоа не се случило.

Трајковски сега има можност да бира, дали да биде соиграч на Пандев, ако капитенот на Македонија игра уште една сезона, или да биде соиграч на Станковски, Балотели, Боатенг.

Секако не е искучена можноста Трајковски да остане во Мајорка.