Мајорка и Алборг во завршни преговори за позајмица на македонскиот репрезентативец.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, ја напушта Мајорка и ќе го носи дресот на дански Алборг. Ова е најавата од данските медиуми кои тврдат дека станува збор за позајмица на македонскиот напаѓач во данскиот тим.

Данските медиуми  откриваат  дека се работи за Трајковски од Мајорка и тој треба да биде четвртото засилување на екипата ова лето по Андрес Хагелскјер, Лука Прип и Милан Макариќ.

Ако трансферот се реализира Трајковски ќе биде само вториот македонски фудбалер кој заиграл за Алборг по Артим Шаќири кој ги бранеше боите на овој клуб во 2005-2006 година.

Трајковски претходно играше за Палермо, Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешќ и Цементарница 55