Александар Трајковски и Мајорка се вратија во најслината фудбалска конкуренција на Шпанија, по една година во втората лига, македонскиот репрезентативец се враќа во Ла Лига.

Мајорка до математичкиот пласман во Ла Лига стигна без игра, ова откако Алмерија загуби на гостувањето кај Картагена.

На три кола до крајот во Ла Лига 2, Мајорка има осум бодови предност  од третопласираната Алмерија. Покрај екипата на  Мајорка, пласман и тоа директен во Ла Лига обезбеди и Еспањол.