Фудбалерот на Аталанта, Александро Гомез, ја коментира состојбата во Бергамо.

Улиците се празни, се е како во некој хорор филм. Отворени се само супермаркетите, ама таму никој не оди. Храната се порачува на интернет и се доставува до дома.

Повторувам, се е како во хорор филм и не претерувам. Во Бергамо се регистрирани 400 заболени од вирусот и сите мораме да се придржуваме до правилата и да остануваме дома“, изјави Гомес за Радио Клуб 94,7.

Аталанта пред неколку дена обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите.