Фудбалерот кој успеа на некој начин да се врати во ритам по кошмарот во дресот на Манчестер Јунајтед, за прв пат проговори за неговите планови откако беше реализиран трансфер од Јунајтед во Интер.

 „Многу сум среќен што ќе останам тука со вас, навивачи на Интер. Тука пронајдов семејство, меѓу сите инволвирани во клубот. Ова е тим кој има голема желба да освои нешто големо. Лушето тука сакаат да се борат заедно како тим и да му го донесаат тоа што овој клуб го заслужува. Гладен сум за победи и првата моја цел е да ги направам навивачите среќни.“ – вели Санчез.

Санчез во Премиер лигата имаше сериозни проблеми со повреди, Конте верува дека тоа е минато и напаѓачот во следната сезона ќе биде вистински хит во дресот на Интер.