Британскиот„ Sky Sports“ тврди дека Чилеанецот Алексис Санчез утре ќе допатува во Милано на медицински прегледи пред потписот со Интер.

Санчез ќе дојде како позајмен играч кај Интер и ќе му се придружи на Ромелу Лукаку во нападот. Основото барање на Саначез било во Интер да го добие дресот со број седум.

Високата плата на Чилеанецот кај Јунајтед беше пречка за трансфер но клубот од Англија се сложил да плаќа половина од платата на Санчез во следните 12 месеци.

Интер има опција на крајот од оваа сезона за 14 милиони фунти  перманентно да го задржи Санчез.