Шпанска Ла Лига би била одлична за Ерлинг Халанд, изјави неговиот татко Алф Инге. За младиот Норвежанин беа во борба големи европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Јувентус, но на крај до неговиот потпис стигна Борусија Дортмунд, за трансфер вреден околу 21 милиони евра.

Задоволен сум што е во Борусија. За мене е најбитно да продолжи да напредува. Од мал беше врвен стрелец, но исто така прави и асистенции. Секако дека сум горд на него. Мислам дека за во иднина Ла лига е најдобра за него“-изјави Алф Инге.

Халанд по доаѓањето во Борусија на девет натрпевари постигна 12.погодоци.